РЖ КПОР од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари загуба од 9.943.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 998.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та имаа вредност од 10.037.000 денари, додека од јануари до септември лани, реализацијата беше на ниво од 10.394.000 денари.
Основна дејност на РЖ КПОР е изнајмување и давање под закуп, како и давање на кадровски, правни и други услуги.