Винарската визба Сковин од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со загуба од 88.417.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од 2015 година, винарската визба прикажа 87.340.000 денари загуба.
Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период од оваа година изнесуваа 146.226.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 45.457.000 денари, а на пазари во странство реализирани се 100.769.000 денари.
Сковин се занимава со производство на грозје, вино и вински дестилат како и нивна продажба на големо и мало на домашниот и на странските пазари.