Sotheby’s од јануари ќе продава луксузни недвижнини во Хрватска

52

split

Британската Sotheby’s, една од најпознатите и најстари светски аукциски куќи со седиште во Њујорк, од јануари наредната година ќе започне со работа во Хрватска. Иако оваа групација е позната по аукција на уметнички дела и луксузни предмети, во Хрватска ќе работи нејзиниот оддел за продажба на луксузни недвижнини Sotheby’s International Reality (SIR), пишува Vecernji List.

Седиштето на компанијата ќе биде во Сплит поради големиот интерес за луксузни недвижнини на брегот.

“Целта ни е да е донесеме поголем број на купувачи кои во Хрватска ќе имаат свој втор или трет дом. Со врвна експертиза, нашата канцеларија во Сплит ќе има пристап до глобалната мрежа на инвеститори и купувачи на луксузни недвижнини“, вели носителот на франшизата, Марко Пажанин