Прометот во трговијата на мало по производи, во 2015 година, изнесува 126.965.914.000 денари, додека на големо има вредност од 164.260.717.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
По групи на производи, најголем промет од 22,6% е остварен во групата Трговија на мало со автомобилски горива и мазива, потоа во групата Други на друго место во номенклатурата неспомнати производи 12,4%, во групата Трговија на мало со млечни производи 4,5%, во групата Трговија на мало со аудио и видео опрема и телекомуникациска и информатичка опрема 3,8%, во групата Трговија на мало со тутунски производи 3,7%, во групата Трговија на мало со пекарски производи 3,4%, во групата Трговија на мало со козметички и тоалетни производи 3,3%, во групата Трговија на мало со електрични апарати за домаќинствата 3,2% итн.
Гледано по производи, поголем промет е остварен кај следниве производи: моторен бензин, гасни масла, пури, цигарилоси и цигари од тутун и замена за тутун, лекови и медицински алкохол, свеж леб, компјутерски машини и нивни делови и прибор и други производи, течен нафтен гас, сокови и други производи.
Кај трговијата на големо, најголем промет од 26,8% е остварен во групата Трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи, потоа во групата Други на друго место неспомнати производи 9,1%, во групата Трговија на големо со фармацевтски производи 9%, во групата Трговија на големо со шеќер, чоколада и зашеќерени производи 4,3%, во групата Трговија на големо со други прехранбени производи неспомнати на друго место 3,8%, во групата Трговија на големо со сокови, минерална вода, освежителни пијалаци и други безалкохолни пијалаци 3,4%, во групата Трговија на големо со железна стока, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење 2,9%, во групата Трговија на големо со парфеми и козметика 2,7%, во групата Трговија на големо со алкохолни пијалаци 2,6% итн.
Гледано по производи, во рамките на групите со најголемо учество, поголем промет е остварен кај следниве производи: гасни масла, патнички возила, моторен бензин, лекови и медицински алкохол, козметички средства, компјутерски машини и нивни делови и прибор, мобилни телефони, пиво, итн.