Во Франција отворен првиот соларен пат во светот – 1 км чини пет милиони евра

47

11-5-580x509

Во Франција кон крајот на декември минатата година е отворен првиот соларен пат во светот. На северозападот на оваа земја, во Турувр, Нормандија, еден километар веќе постоечки пат е обложен со соларни панели. Енергијата добиена од панелите ќе се користи за напојување на јавното осветлување во градот.

За покривање на еден километар пат, и тоа само една лента, потребни биле скоро 2.800 метри квадратни соларни панели коишто чинеле пет милиони евра, пишува The Guardian.

Од компанијата Colas, која ја разви фотоволтаичнита површина на патот наречен Wattway, велат дека панелите се покриени со смола на база на силициум и цврсти се и доволно издржливи за сите видови на превозни средства.

Патот е во тест фаза, а ако сè помине како што треба, Франција планира со соларни панели да покрие 1.000 километри патишта во следните пет години.