Индустриска зона во Финска ќе се претвори во еколошка населба

54

finska1

Финскиот град Тампере ќе добие еколошка населба којашто ќе се простира на површина од 250 хектари. Архектонските студија Schauman & Norgren Architects и Mandaworks победија на конкурсот за редизајн на некогашната индустриска зона Хиеданранта во овој фински град, пишува Inhabitat.

finska2

Атрактивниот простор ќе биде претворен во станбена зона за 25.000 жители, којашто благодарение на циркуларната економија ќе се отворат нови работни места. Циркуларната економија претставува нов пристап којшто ги интегрира економијата и системот за управување со отпад.

finska3Архитектите го организираат просторот така што го делат на шест блокови коишто ќе бидат меѓусебно поврзани со паркови и објекти на вода. Во овој иновативен проект посебен акцент е ставен на јавниот превоз и еколошкиот транспорт. Низ населбата ќе поминува трамвај и ќе бидат изградени пешачки и велосипедски патеки. Проектот ќе се изведува во три фази, од 2025 до 2045 година.