НБРМ: Зголемување на ликвидноста на банките во декември

25

nbrm-logo-pocetna

Ликвидноста на банкарскиот систем во декември се зголеми на месечна основа, покажуваат Најновите макроекономски показатели на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Во услови на раст на ликвидностa во банкарскиот систем, дел од вишокот ликвидност беше повлечен преку зголемување на износот на благајничките записи, а дел банките пласирaa во депозити преку ноќ кај НБРМ.

Вкупните депозити во ноември регистрираа месечен раст, што упатува на натамошно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти. Анализирано од секторски аспект, месечниот раст (од 1,21%) на вкупните депозити во ноември во поголема мера произлегува од депозитите на корпоративниот сектор (66,6%), а позитивен, но помал придонес кон растот, имаат и депозитите на домаќинствата.

Вкупните депозити во ноември регистрираа месечен раст, што упатува на натамошно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти. Анализирано од секторски аспект, месечниот раст (од 1,21%) на вкупните депозити во ноември во поголема мера произлегува од депозитите на корпоративниот сектор (66,6%), а позитивен, но помал придонес кон растот, имаат и депозитите на домаќинствата. Годишната стапка на раст на вкупните депозити во ноември изнесува 4,4% и е над проектираниот раст од 2,6% за последниот квартал на 2016 година.

Од аспект на валутната структура на вкупните депозити, денарските и девизните депозити во ноември одржуваат стабилно учество, слично како и претходните месеци. Денарските депозити доминираат во депозитната база на банките.

Вкупните депозити на домаќинствата, шести месец по ред, бележат месечен раст. Од валутен аспект, доминантен позитивен придонес во месечниот раст на депозитите на домаќинствата во ноември имаат девизните депозити, а позитивен е и придонесот на денарските депозити.

Каматните стапки на депозитите на домаќинствата во ноември остварија мало поместување во надолна насока. Во услови на поголемо намалување на каматната стапка на девизните депозити, во споредба со намалувањето на каматната стапка на денарските депозити, каматниот распон умерено се прошири. Кај новопримените депозити на домаќинствата, каматниот распон продолжи да се стеснува (трет месец по ред), главно заради растот на каматната стапка на девизните депозити, што во ноември беше придружено и со намалување на каматната стапка на денарските депозити.