Порше Македонија претстави уште еден модел, со што и официјално започна продажбата на втората генерација на Audi Q5 во Македонија. SUV со четири прстени којшто го комбинира спортскиот дух од лимузините на Audi, со карактер на теренско возило и флексибилен ентериер. Без разлика дали станува збор за поврзувањето, ефикасноста или системите за помош на возачот – новиот Audi Q5 уште еднаш поставува стандарди во својата класа.
“Секојдневниот живот станува сè повеќе динамичен. Тој повикува на агилност и флексибилност, но и на издржливост. За возврат нуди се повеќе начини да ги оствариме нашите соништа и нашиот креативен потенцијал. Со еден збор, ние никогаш не сме имале толку многу слобода да го обликуваме нашиот секојдневен живот. Секогаш сме на располагање – постојано комуницираме и споделуваме информации. Денес е тенка линијата меѓу работното и слободното време. Постојано сме во движење. Мобилноста во најширока смисла е одлика на нашето време. Новиот Audi Q5 ја следи долгата традиција на флексибилност во мобилноста, реагира на она што го носи денот. Тој е комбинација на елегантен дизајн со високо ниво на функционалност, удобност, стил и динамика. Од континенталните патишта до морските пејзажи, од центарот на градот до врвот на планината“, изјави генералниот менаџер на Порше Македонија, Златко Муцунски.
“Audi Q5 со години е најпродаваниот SUV во својата класа, продаден е во повеќе од 1.600.000 примероци низ целиот свет. Првата генерација на Audi Q5 започна со продажба во 2008 година и после точно осум години повторно е овде меѓу нас. Не беше лесна задача да се создаде негов наследник, но тоа е и причината зошто новиот Audi Q5 е толку возбудлив. Секој детаљ на Audi Q5 е обликуван со страст. Препознатливиот Q дизајн отелотворува динамика и смиреност. Со Q5, Audi уште еднаш ги подигнува стандардите. Покрај бројните иновации значајно е да се истакнат: новиот quattro погон со ултра технологија, високо ефикасните мотори, воздушната суспензија, како и низа нови системи кои се дел од забавно информативниот систем и системите за помош на возачот при управување со возилото. Новиот SUV од Audi зазема одлучен, спортски став на патот. Предните светла, по избор можат да бидат целосно LED или во Matrix LED технологија со динамично задвижување и висока ефикасност. Audi го нуди новиот Q5 во 14 различни бои. Достапни се три линии на опрема BASIC, DESIGN и SPORT дополнети со S – line понудата кои влијаат на целокупниот изглед на моделот“, изјави бренд менаџерот на Ауди во Македонија, Винко Марашевиќ.
Секој надворешен детал на Audi Q5 го oтсликува Q – дизајнот. Карактеристичниот изглед на поклопецот на моторот, доминантната 3Д single frame решетка, силно истакнатите лакови околу тркалата, благо опаѓачката линија на кровот, страничните ретровизори поставени на рамената на вратите, рамната контурна линија на прозорците. Audi Q5 од втората генерација e изграден на MLB Evo платформата како и новите Audi A4 и A5 и благодарение на ултра лесната конструкција е за 90 килограми полесен од претходниот модел. Новиот Audi Q5 го надрасна претходникот во речиси сите негови димензии.
Долг е 4,66 m, широк 1,89 m, со висина од 1,66 m и меѓуоскино растојание од 2,82 m или за 20 mm повеќе од она на претходниот модел што ја зголемува удобноста, посебно на патниците од вториот ред. Багажниот простор е поголем и во зависност од положбата на седиштата изнесува од 550 l до 1550 l. Благодарение на одличната аеродинамичност коефициентот на отпор на воздух изнесува 0,30 Cw и е најдобар во класата.
Поради тоа, звуците во кабината се исклучително ниски, вибрациите се намалени, сè за поголема удобност во возењето. Новиот SUV на Audi ги разгалува возачот и патниците со најдобрата внатрешна акустика во класата.
Со новиот модел стандардно доаѓа мултифункционален управувач со три краци, клиентите можат како опција да добијат и дополнителни функции како што е греење на управувачот и масажа на седиштата, опционално амбиентално осветлување кое создава атрактивна атмосфера во 30 различни спектри на бои. Квалитетот на изработката на новиот Q5 е бескомпромисен.
Ракувањето со новиот Audi Q5 е интуитивно, опционалниот виртуелен кокпит на Audi претставува брилијантен графички приказ во висока резолуција на 12,3 инчен екран. Како опција возачот го има и Head – Up дисплејот преку кој клучните информации се прикажуваат на ветробранското стакло. Врвниот пакет со MMI навигација плус со 8,3-инчен дисплеј и ротационо копче кое препознава ракопис и гестикулации. Системот нуди и повратни информации, интелигентно пребарување и гласовна контрола. MMI навигација плус користи Audi connect со LTE за безжичен интернет и овозможува лесно поврзување на осум мобилни уреди. Покрај сите иновации новиот Q5 поседува и антена за подобар сигнал, аудио систем Bang & Olufsen со 3D звук, Audi таблет за задните седишта, CarPlay Apple, Android Auto итн.
Новиот Audi Q5 се лансира со три моќни и истовремено ефикасни мотори: два TDI мотори и еден TFSI мотор. Тие сега имаат повеќе моќ, а потрошувачката на гориво значително е намалена. 2.0 TDI моторот кај новиот Q5 се нуди со мотор со моќност од 140 kW (190 КС) 400 Nm, 3.0 TDI моторот е со 210 kW ( 286 КС) 620 Nm, а бензинскиот 2.0 TFSI моторот со моќност од 185 kW ( 252 КС) 370 Nm.
Новиот Audi Q5 има нов, прилагодлив и ефикасен погон. Целосно новиот погон е направен според последниот збор на технологијата и е наменет за најновиот член од семејството Q, силата се пренесува преку шест брзинскиот мануелен менувач, седум степениот S – Tronic автоматски менувач како и осум брзинскиот Tiptronic автоматски менувач кој се вградува кај 3.0 TDI моторот. Возачот го контролира преносот преку менувачот или со помош на педалите зад управувачот, и во двата случаи, сигналите се пренесуваат по електронски пат. Новиот quattro погон со ултра технологија е стандардна опрема за 2.0 TDI моторот со 140 kW (190 КС) како и кај 2.0 TFSI бензинскиот мотор со 185 kW (252 КС). Новиот концепт ја зголемува ефикасноста без притоа да ја намали силата за влечење или пак динамиката на возење.
Перманентниот погон на четири тркала е интерпретиран на интелегентен начин т.с перманентно достапен не значи и перманентно активен систем. Кога не е потребно погонот е само на една оска, но во позадина зависно од условите на патот е секогаш спремен да биде вклучен и погонот на сите тркала. Преносот на моќта со новиот quattro, се случува на еден префинет начин, благодарение на интелигентни софтверски решенија кои обезбедуваат контрола, динамичност, прецизност и незаборавно возачко искуство.
Стандардната опрема вклучува систем на потпирање во пет точки напред и позади, Audi drive select систем преку кој возачот може да избере еден од петте режими на возење comfort, auto, dynamic, efficiency, offroad и доколку е вграден навигациски уред и individual. Двата нови режими на возење се lift/offroad и allroad се дел од адаптивната воздушна суспензија и го нагласуваат теренскиот карактер на Audi Q5.