Живееме во брзо и бурно време исполнето со стрес. Компанијата Филанд заедно со S Dream Чачак на македонскиот пазар нуди подобри решенија за одмор и опуштање од традиционалните душеци. Душеците се произведени по најнови научни сознанија за квалитетен и здрав сон.
БИ: Колку време Вашата компанија е присутна на македонскиот пазар и со што се занимава?
Компанијата е основана во 1992 година како друштво кое се занимава со трговија на големо и мало со канцелариски материјали, учебници и училишен прибор. Од 1995 година започнавме со производство на хефт спајалици за канцелариска употреба и за дрвната индустрија, индустријата за производство на мебел (тапациран и плочест) и индустријата за производство на амбалажа (палети, дрвени гајби, картони). Компанијата поседува опрема за производство на преку 100 различни видови хефт спајалици. Хефт спајалиците се производ кој наоѓа мошне широка примена во секојдневното живеење.
БИ: Имате погони за сопствено производство? Колку вработени имате?
Во 2007 година ја согледавме потребата за мека полиуретанска пена – сунѓер и реализиравме инвестиција за производство и преработка. Производството на полиуретански пени се врши со најсовремена германска технологија од BAYER и најквалитетна германска опрема од Hennecke. Компанијата има сопствени производствени погони на 2.000 метри квадратни и 10 вработени. Меките полиуретански пени (сунѓери) најчесто се користат во индустријата за производство на тапациран мебел. Во развојот на производи од сунѓер кои би се користеле во домаќинстовото и полиуретански пени има големи пазарни можности, затоа што можат да се користат како звучна и топлинска изолација.
БИ: Што различно нудат овие душеци од оние што веќе ги има на пазарот? Зошто потрошувачите би се одлучиле за овие душеци?
Живееме во брзо и бурно време исполнето со стрес. Компанијата Филанд заедно со S Dream Чачак на македонскиот пазар нуди подобри решенија за одмор и опуштање од традиционалните душеци. Душеците се произведени по најнови научни сознанија за квалитетен и здрав сон. Нудиме неколку видови на душеци, како на пример Maxi, кој се препорачува на лица изложени на зголемени напори или зголемен стрес во текот на денот, потоа Aurora, со прилагодливо жичано јадро со поединечни џебови, што овозможува забрзана релаксација на телото и ја враќа енергијата. Тука се и Spa, Best memory и Memory latex, со 6 сантиметри Eco latex. Eco latex е извонреден материјал со подобрени својства во однос на природниот латекс. После подолго користење собира дури три пати помалку прашина од останатите материјали кои се вградуваат во душеците. Потрошувачите треба да ги пробаат и ќе се уверат во нивниот квалитет.
БИ: Ќе се претставите на Саемот за мебел што ќе се одржи од 26 до 31 март. Сте присуствувале на саемски манифестации досега? Колку излагањето на саеми има позитивно влијание врз бизнисот?
Нашата компанија има долгогодишно искуство со излагање на саемски манифестации. И годинава ќе ги претставиме нашите производи на саемот за мебел. Изложувањето на саемските манифестации е добра можност за промовирање на производите, отпочнување на нови соработки и продлабочување на релациите со постоечките соработници.
БИ: Што планирате во иднина, ќе се проширувате на странски пазари?
Во иднина планираме да станеме препознатлива фирма во регионот како производител на хефт спајалици и разни видови на сунѓер за потребите на индустријата за мебел и за домаќинствата, како и градежништвото, со соодветни типови за топлотна и звучна изолација. Тоа ќе го постигнеме со развиена мрежа за дистрибуција и производство на најквалитетни душеци.