Попова кула заклучно со 31-ви декември прикажа добивка од 61.000 денари

37

popova-kula

Винарската визба Попова кула, од први јануари до 31-ви декември 2016 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 61.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, винарската визба прикажа 121.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2016 година изнесуваа 46.054.000 денари, додека заклучно со 31-ви декември 2015 година, тие беа на ниво од 48.659.000 денари.

Основна дејност на Попова кула од Демир Капија е производство на вино од грозје.