РЖ Техничка контрола, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 16.023.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на 2015 година, компанијата оствари добивка од 8.126.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31.12.2016 година, беа на ниво од 91.755.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 91.743.000 денари, а на пазари во странство се реализирани 12.000 денари.
Основна дејност на компанијата е техничко испитување и анализа. Компанијата дава услуги за физичко – хемиски и металуршки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата.