Димко Митрев од Велес за 12 месеци прокнижи 963.000 денари добивка

47

dimko-mitrev-1

Компанијата Димко Митрев од Велес, во текот на 2016 година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 963.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата прикажа добивка од 290.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември лани, беа на ниво од 217.001.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 5.436.000 денари, додека поголемиот дел од 211.565.000 денари е реализиран преку извоз.

Димко Митрев од Велес е компанија за производство и трговија со крзно и крзнени производи.