Трговски дефицит од 113 милиони евра во јануари

11

evra-naredeni-pixabay

Фото: Pixabay

Трговскиот дефицит, во јануари оваа година, изнесува 113.035.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2017 година, изнесува 323.182.000 евра и бележи пораст од 12,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 436.216.000 евра, што е за 23,2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2017, изнесува 74.1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во јануари 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Кина и Србија.