РЖ Услуги минатата година прокнижи добивка од 1,2 милиони денари

53

rz-uslugi

РЖ Услуги прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 1.257.000 денари, во период од јануари до декември 2016 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, компанијата прикажа загуба од 6.913.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви декември 2016 година изнесуваа 127.908.000 денари, додека на крајот на 2015 година беа 104.766.000 денари.

Основна дејност на РЖ Услуги е собирање, прочистување, производство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода.