Цени во земјоделството во февруари

domati-celer-i-morkov-pexels

Фото: Picjumbo – Pexels

Цените во земјоделството во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 4%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 5,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 104,3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,5.

Во делот аутпут, во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108,2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 96,9.