Американскиот интернет гигант Google го надмина за прв пат долгогодишниот конкурент Мicrosoft по пазарна капитализација, објави Фајненшал Тајмс. Така пребарувачот стана втората најголема скапа IT-компанија во светот.
Акциите на Google пораснаа и ја зголемија пазарната капитализација на компанијата до над 249 милијарди долари. Тоа е за речиси две милијарди повеќе од пазарната вредност на Мicrosoft.
Доброто претставување на Google може да се објасни со одржливите позиции на компанијата и во другите сегменти од пазарот: Интернет пребарувањето (66%-ОЈ удел во САД), онлајн-рекламирање, се очекува компанијата да стане лидер и во мобилните реклами во САД, и мобилните оперативни системи (Android држи 64% од пазарот на паметни телефони), нагласува Bloomberg.
Google и Мicrosoft сепак се уште заостануваат зад лидерот Apple, чија пазарна капитализација е близу 630 милијарди долари.