Зголемување за 0,2% на земјоделските површини во 2016 година

zemjodelie

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, во споредба со 2015 година, земјоделските површини се зголемени за 0,2%. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,6% и кај овоштарниците за 1,8%, како и кај лозјата за 1,6%. Намалување е забележано кај пасиштата за 0,1%.

Во 2016 година, во споредба со 2015 година, поголемо зголемување на производството се забележува кај тутунот за 5,0%, компирот за 4,3% и крмната пченка за 61,4%, а поголемо намалување се забележува кај оризот, сончогледот и краставиците.

Производството на овошје во 2016 година, во споредба со 2015 година, бележи намалување кај сите видови овошје, освен кај праските.