Старт – ап работилница со Џон Бигс во рамки на Codefest во Охрид

43

startup-workshop-johnbiggs-techcrunch-codefest

Ексклузивна работилница за старт – ап основачи со Џон Бигс, уредник на TechCrunch во САД. Оваа работилница е наменета само за основачи на стартапи и има за цел преку практични совети и техники да им помогне на истите, за тоа како да го добијат вниманието на интернационалните медиуми, како старт – ап којшто доаѓа од мал пазар или мала земја.

Џон ќе сподели совети, примери и идеи од своето долгогодишно искуство за работи што можете да ги направите за да се подобрат вашите шанси да го добиете вниманието од глобалните медиуми, како начин за добивање пристап до повеќе клиенти, па дури и за инвестиции на меѓународно ниво.

Оваа работилница ќе се одржи во сабота на 08.04.2017, во рамки на овогодинешниот Codefest Tech Festival, во Охрид. Сите старт – ап основачи кои се заинтересирани да бидат дел од оваа работилница, може да се пријават само преку Brainster и принципот на регистрација е прв дојден прв услужен.

Џон Бигс е претприемач, консултант, писател и творец. Тој има петнаесетгодишно искуство како уредник на Gizmodo, CrunchGear и TechCrunch и има длабока позадина во областа на хардвер стартапи, 3D печатење и blockchain. Неговата работа била дел и од Men’s Health, Wired, и New York Times.

Тој има напишано пет книги меѓу кои е најдобрата книга за блогирање Bloggers Boot Camp и книга за најскапиот часовник некогаш направен Marie Antoinette’s Watch. Тој живее во Бруклин, Њујорк.

Присуството на Џон Бигс на Codefest како говорник и инструктор за оваа година е овозможено благодарение на поддршката од Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), проект поддржан од Швајцарската Влада и Swisscontact.

Искористете ја оваа одлична можност да се запознаете и да работите со единствениот Џон Бигс. Пријавете се преку Brainster и поканете ги вашите (старт – ап основачи) пријатели.