Развој на нови и постоечки производи, унапредување на технолошките капацитети и континуирано инвестирање во преносната и пристапната оптичка и безжична мрежа до крајните корисници насекаде низ земјата, се главните карактеристики и фокус на Неотел. Oснован со македонски капитал, Неотел во својата работа се истакнува со квалитетна услуга и производи коишто се актуелни на светскиот пазар и нуди комплетно решение за секој корисник и бизнис.
“Како компанија што повеќе од десет години е дел од телекомуникацискиот пазар во Македонија и која се труди да го следи технолошкиот развој скоро во реално време, имплементирањето на трендовите од глобалниот пазар и адаптирањето на локалниот, е наша преокупација и воедно обврска. Сите овие напори имаат две цели, да понудиме производи за нашите приватни и деловни корисници, во согласност со нивните варијабилни потреби и тоа да го направиме преку врвна и квалитетна услуга. Токму затоа, иновативноста во развивање нови производи и технолошкиот напредок остануваат наша определба и за понатаму“, изјави Трајче Черепналковски, Генерален извршен директор во Неотел.
Неотел континуирано создава нови и ги развива своите имплементирани производи и понуди, како за приватните, така и за деловните корисници. Со развивање на технолошките капацитети, истовремено континуирано се инвестира во пристапната оптичка мрежа до крајните корисници насекаде низ земјата, како и во надградување на безжичниот интернет пристап од WiMax во LTE технологија.
Во однос на интернет капацитетите, Неотел е независен на македонскиот пазар, располагајќи со повеќе меѓународни интерконекции преку сопствени оптички линкови што на крајните корисници им гарантира сигурен проток на интернет податоци и сигурно поврзување со светот. Покрај тоа, Неотел како компанија за клиентите ги става на располагање своите дата центри распоредени на повеќе локации низ државата. Истите, покрај редовните хостинг услуги, на своите клиенти им нудат колокациски простор со обезбедена 24/7 техничка поддршка како и најсовремени Cloud услуги.
Сериозните инвестиции во инфраструктурата, технологијата и знаењето, овозможуваат Неотел да е позициониран и на регионалниот пазар со свое директно присуство во повеќе центри, како во регионот, така и во Европа. Ова овозможува Неотел да нуди бројни сервиси за телеком оператори, меѓународни институции, банки, како и за различен тип меѓународни корпорации.
Како дел од својата комплетна услуга кон деловните и приватни корисници, тимот во Неотел се одликува со високи стручни познавања од областа на технологијата и телекомуникациите и постојана достапност за потребите на корисниците. Соработката која што Неотел ја има со стручните факултети во земјата овозможува за компанијата постојано да има нов, свеж кадар, дипломци кои што се обучуваат при самата работа и придонесуваат за развој на напредни технологии.