Македонско-Бугарската стопанска комора денес во Скопје ќе одржи годишно собрание.
Според сопштението од Комората познати бизнисмени и директори на корпорации од двете земји, во наредниот период ќе се концентрираат на создавање услови за поинтензивна економска размена.
На годишното собрание на Македонско-бугарската стопанска комора, дел од темите што ќе се разгледуваат ќе бидат: како до една милијарда евра размена со Бугарија, дали политиката го кочи бизнисот што не признава граници, кои се пречките за поголеми инвестиции, развој на коридорите и железничката пруга кон Бугарија.