Cinder, паметна скара со прецизна контрола на температурата

53

skara

Фото: Indiegogo

Cinder е електрична скара со прецизна контрола на температурата. На неа може да се испече свежа или замрзната храна, а кога ќе биде готова уредот преку апликација на мобилен телефон дава известување дека јадењето е готово.

Cinder скарата овозможува постојана температура кога се пече месото или зеленчукот и не ја суши, а за разлика од другите скари во неа не се става вода. Храната не се лепи на електричните плочи и може да се готви без да се додава масло.

Кога ќе заврши процесот на готвење, што трае од пет до 40 минути, Cinder дава сигнал дека храната е подготвена. Зеленчукот и храната се печат за две до 10 минути, а месото од 20 до 40 минути. Скарата се чисти со кујнски бришач.

Овој кујнски уред е поставен на платформата за групно финансирање Indiegogo од каде треба да собере 50.000 долари.