Вабтек МЗТ за три месеци прокнижи добивка од 7,2 милиони денари

70

vabtek-mzt

Компанијата Вабтек МЗТ од Скопје во првите три месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 7.292.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од минатата година, компанијата евидентираше загуба во висина од 2.303.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од први јануари до 31-ви март 2017 година, достигнаа 225.759.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓаат 2.370.000 денари, додека поголемиот дел од 223.389.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е производство на сопирачка опрема за шински возила.