Зголемен бројот на паркиралишта и гаражи во 2016 година

15

parkirani-vozila-pixabay

Фото: Pixabay

Во 2016 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање, изнесува 254 со површина од 701.194 метри квадратни.

Според обработените податоци, 24.743 места за паркирање се на отворен простор, 3.905 места за паркирање има во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 4.966 места за паркирање.

Во споредба со 2015 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 1,2%.

Во истиот период, бројот на местата за паркирање е зголемен за 9,5%: во покриените гаражи зголемувањето изнесува 1,6%, додека во катните гаражи, бројот на местата за паркирање е зголемен за 2,5%.

Во 2016 година, бројот на местата за паркирање на отворен простор за лицата со посебни потреби изнесува 488, во покриените гаражи 69, додека бројот на местата за паркирање за лицата со посебни потреби во катните гаражи изнесува 59.

Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Македонија и паркиралиштата на општините.