BMW бара ИТ компании од Романија за развој на софтвер за електрични возила

47

bmw-kola-pexels

Фото: Pexels

Германскиот производител на автомобили, BMW бара соработка со технолошки компании од Романија за развој на софтвер за електрични автомобили, пишува Romania Insider.

Од BMW бараат партнер од ИТ секторот во Романија со којшто ќе ја имплементираат развојната стратегија поврзана со електрични возила.

“Автомобилски производител со над 100 години традиција во таа индустрија, како што е BMW, бара нови партнери на нови пазари, па се таргетирани и компании од Романија“, изјави Александру Петреску, министер за бизнис окружување на Романија.

Тој додаде дека по средбите во Букурешт на почетокот на оваа година, BWM ќе започне селекција на романски ИТ компании што ќе развиваат софтвер за германската германската групација.