Добредојде на ерата на површините со екстремно мат структура

141

glavna

После годините изминати во доминација на високо-сјајните површини, матот и длабокиот мат настапуваат на сцената. Овој тренд можеше лесно да се забележи на саемот за мебел во Милано – Салоне дел Мобиле, каде голем дел од презентираните колекции имаа мат финиш. Ваквите структури се сметаат за поприродни и пријатни за корисникот отколку структурите со висок сјај. Матот е посуптилен и префинет, топол и пријатен на допир, но исто така, мат површините имаат и повеќе функционални вредности.

kujna

Структурата Екстрим мат (достапна на ХПЛ ламинати), мека на допир, со нејзиниот иновативен завршен слој обработен со процес кој вклучува електронско зрачење – ги поседува сите предности на ХПЛ површините. Тоа што го прави да се разликува е целосно мат текстури кои се топли на допир. Дополнително, гарантира неспоредлив интензитет на бојата – посебно во декорите кои содржат металик ефекти.

Одржување на површините обложени со екстремно мат фолии, како кујнските лица, ѕидовите и друго, е екстремно лесно, дури и во случај на мрсни дамки. Структурата во целост е отпорна на флеки од прсти. Површината е хигиенска и отпорна на популарните средства за чистење и хемиски агенси, растворувачи и средства кои дезинфицираат, што јасно покажува дека успешно може да се употреби како декорација во ентериерот на јавни места – обложување на ѕидови и врати, плотни, шанкови и лица на мебел.

xtreme

Доколку одлучивте во Вашите проекти да вклучите материјали со екстремно мат структура, имате можност да одберете од 6-те декори што ги нуди Солопром. Тоа се декори често застапени во ентериерниот дизајн, како бела, антрацит, црна и две сиви нијанси. Со овој потег, Солопром ја зголеми својата понуда на материјали со длабоко матирана површина, започнувајќи со кујнските плотни со Fenix NTM фолија, 2014-та година на Скопскиот саем за мебел, надополнувајќи ги со своја островска верзија и ѕидна облога и два ПВЦ декори на медијапан.

footer-580