Фото: Shell
Нафтената компанија од Саудиска Арабија, Aramco стана 100% сопственик на најголемата американска нафтена рафинерија Port Arthur во Тексас, комплетирајќи го договорот што беше објавен минатата година, пишува CNN.
Aramco претходно поседуваше 50% од Port Arthur преку joint venture компанија со Royal Dutch Shell, наречена Motiva Enterprises.
Нафтената компанија Shell соопшти дека го финализираше договорот со Aramco, којашто сега има целосна контрола над тексашката рафинерија во чија сопственост се 24 терминали и има дневен капацитет да преработи 600.000 барели нафта.
Саудиска Арабија минатата година беше втор најголем увозник на сирова нафта во САД со 1,1 милиони барели дневно.