Адинг првото тримесечје го заврши со добивка од 95.000 денари

53

ading

Првото тримесечје од оваа година за компанијата Адинг заврши со добивка од 95.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка во висина од 2.755.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со крајот на март 2017 година, изнесуваа 58.878.000 денари. Од нив, на домашен пазар отпаѓаат 41.849.000 денари, додека реализацијата на странски пазари изнесува 17.029.000 денари.

Адинг е компанија што се занимава со производство и пласман на хемиски материјали за градежништво.