За три месеци Тиквеш оствари добивка од 15,7 милиони денари

45

tikves

Винарската визба Тиквеш првото тримесечје од годинава го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 15.785.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка од 12.536.000 денари.

Заклучно со крајот на март, вкупните приходи од продажна на Тиквеш достигнаа 268.669.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар направена е продажба од 174.743.000 денари, додека реализацијата на странски пазари изнесува 93.926.000 денари.