Првото тримесечје за Попова Кула заврши со загуба од 1,1 милион денари

38

popova-kula

За винарската визба Попова Кула од Демир Капија првото тримесечје од 2017 година заврши со загуба од 1.121.000 денари, стои во билансот на успех за период од први јануари до 31-ви март оваа година.

Во текот на првите три месеци од 2016 година, винарската визба евидентираше 198.000 денари загуба.

Заклучно со 31-ви март оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваа 3.153.000 денари. Вкупно 2.338.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека остатокот од 815.000 денари отпаѓа на пазари во странство.

Основна дејност на Попова Кула е производство на вино од грозје.