Собранието на акционери на Адинг донесе одлука за распределба на добивката остварена во текот на 2016 година.
“Нето добивката спрема годишната сметка за 2016 година се распределува на следниот начин: 20 денари по акција за нето дивиденда на акционерите; за награди на членовите на управен одбор, а остатокот за плаќање на персонален данок на дивидендите и нераспределена добивка“, стои во одлуката.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 30.05.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 31.05.2017 година. Датум на пресек на акционерската книга е 02.06.2017 година.
Исплатата на дивидендата, како што се наведува, ќе биде во законскиот рок.