Акционерите на БИМ од Свети Николе ќе добијат дивиденда од ланската добивка

56

bim-sveti-nikole

Собранието на акционери на БИМ од Свети Николе донесе одлука за утврдување датуми при исплата на дивиденда за 2016 година.

“Согласно одлуката за распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2016 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2016 година во висина од 1.500 денари, односно 1.666,6666… денари бруто за една акција“, стои во одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.06.2017 година.

Датум на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 15.06.2017 година.

Исплатата на дивидендата за 2016 година ќе започне од трети јули оваа година.