Македонија секогаш е меѓу лидерите во регионот кога станува збор за времето поминато во гледање телевизија. Телевизијата е дел од животот на македонските граѓани, во домовите телевизорите се вклучени од утро до вечер, а каналите се менуваат во зависност од расположението и вкусот на гледачите.
Сето тоа кога ќе се стави заедно, може да се заклучи дека Македонија е земја со големо искуство пред телевизиските програми, па затоа телевизиските провајдери мораат претпазливо и умешно да ги бираат каналите што ќе им ги понудат на гледачите. Денес на телевизиите има сè и сешто, но тоа не значи дека македонската јавност не е пребирлива во својот вкус на телевизиските содржини. Водејќи се по вкусот и барањата на македонските гледачи, како и од податокот дека тие најчесто следат вести, информативни програми, спорт, играни серии и филмови, Неотел создаде пакети со канали направени според интересот на различната публика, со внимателна селекција на забавни, филмски, спортски и информативни канали.
Неотел на гледачите им нуди многу повеќе од обична телевизија. Во основниот neoTrio Fix Start пакет вклучени се 77 ТВ канали (15 HD канали), вториот пакет наречен neoTrio Fix Optima нуди емитување на 87 ТВ канали (22 HD канали) и дополнителен ТВ пакет – FilmBox, а за најголемите ТВ зависници, третиот пакет neoTrio Fix Ultra вклучува дури 87 канали (22 HD канали) со дополнителен FilmBox пакет. Сите три пакети можат да се гледаат на два смарт уреди, а со нив е вклучена и опцијата за родителска контрола, како и снимки на целата програма од националните канали за последните три дена. Она што Неотел го разликува од другите провајдери не се само сите погодности што ги нуди IP телевизијата, туку и целиот концепт на интерактивна телевизија што е достапна и на домашниот телевизор и на било кој смарт уред, овозможувајќи им на корисниците да гледаат кога и каде сакаат, планирајќи го своето место и време за телевизија.
Сè поголемата понуда на голем број домашни и странски ТВ канали уште повеќе придонесува да се задржи високото ниво на гледаност на телевизијата во Македонија. Кога ТВ каналите се квалитетни и нудат тоа што секој гледач го очекува и сака да го види за свој интерес, тогаш дел од слободното време вреди да се помине дома и пред телевизорот, затоа што телевизијата веќе не само основен извор на информација, туку и форма на едукација и култура.