Словенечки Pipistrel започнува со производство на електрични летала

23

pipistrel-facebook

Фото: Facebook

Започнува со работа производниот погон што словенечкиот производител на ултра лесни летала Pipistrel го изгради во близина на аеродромот во италијанскиот град Горица, пишува словенечки Дело.

“На почетокот на изградбата решивме во овој погон да се произведува електричната програма на авиони, бидејќи туку имаме далновод од 110 kV што ни одговара за производството“, изјави Иво Боскарол, директор на Pipistrel.

Во погонот во овој момент има 12 вработени кои ќе започнат со производство на летала за американскиот пазар. На аеродромот во овој италијански град ќе изведуваат и пробни летови.

Словенечката компанија делумно ќе произведува и програма за електрични возила за Uber, коишто сè уште се развиваат. Исто така, во план е и производство на летала за Кина и NASA.