Фото: Facebook
Јужнокорејскиот производител на автомобили, Hyundai започнува со производство на електрични автобуси коишто ќе бидат целосно еколошки, пишува Yonhap news.co.kr.
Ова е потег на компанијата со којашто сака да го прошири своето дејствување на полето на развој на еколошки возила и “чист“ транспорт.
Името на автобусот е Elec City, чија цена би била околу 179.000 долари. Ова еколошко возило е опремено со 256-киловатна батерија, со којашто може да помине 290 километри со едно полнење што трае 67 минути. Со полнење што трае половина час, Elec City може да помине 170 километри.