Фото: Facebook
Јапонската автомобилска компанија Toyota Motor Corp ги продаде сите акции што ги имаше во калифорниската компанија за електрични возила Tesla Motors, пишува Bloomberg.
“Продажбата на уделот значи и престанок на соработката помеѓу двете компании“, вели портпаролот на јапонската компанија Акико Кита. Toyota имаше удел од 1,43 % во Tesla.
Јапонската компанија во 2010 година купи акции во Tesla во вредност од 50 милиони долари, а исто така на американската компанија и продаде погон во Калифорнија во вредност од 42 милиони долари.
Двете компании потоа започнаа заеднички да го развиваат електричното возило RAV4 во Канада.
Минатата година Toyota основаше сопствено одделение за производство на електрични автомобили и наскоро планира да ги претстави.