Макпрогрес Виница стана партнер на Црвениот крст на РМ

23

1

Започнувајќи од месец јуни до декември 2017 година, компанијата Макпрогрес од Виница ќе биде партнер на Црвениот крст на РМ, поддржувајќи ја имплементацијата на различни проекти наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби.

За таа цел, вчера во просториите на Макпрогрес, г. Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес и г. Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Република Македонија потпишаа Договор за донација за поддршка на активностите кои ќе се реализираат преку Општинските организации на Црвениот крст на Виница, Куманово, Штип и Струмица, во соработка со дневните центри за деца со посебни потреби во овие општини.

2

Целта на овие активности е подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби и нивно подобро прифаќање во средината преку различни активности меѓу кои креативни работилници, хуманитарни продажни изложби, организирање на рекреативни активности, психолошка поддршка и едукации за децата и родителите на децата, како и многу други активности кои ќе ги иницираат тимовите на локално ниво. Во имплементација на активностите ќе бидат вклучени и вработени на компанијата, како социјално одговорни граѓани, вработени од дневните центри и родители на децата.

Макпрогрес оваа донација ја обезбедува како дел од остварениот приход од продажба на својот најпродаван производ на македонскиот пазар, Тортина од Винчини. Макпрогрес од Виница како реномирана компанија во земјата која во своето работење го практикува општественото одговорно однесување, како неделив дел од своето бизнис постоење, со поддршката на овој проект го потврдува континуитетот во напорите за развој и благосостојба на луѓето во заедницата, стои во соопштението.