Реновирана експозитура на Охридска банка во Скопје

63

????????????????????????????????????

Реновираната експозитура на Охридска банка Сосиете Женерал, што се наоѓа на булеварот 11 Октомври број 34 во Скопје спроти Управата за јавни приходи, повторно е ставена во функција, стои во соопштението на банката.

“Ваквиот изглед на експозитурата на клиентите им овозможува полесен пристап, комоција, пријатен амбиент и секако подобрување на брзината и квалитетот на услугата. Во оваа експозитура, клиентите можат на едно место да се информираат за целокупното портфолио на производите и услугите на банката, да ги извршат сите потребни трансакции и да поднесат барања за разни типови кредити, кредитни картички, депозити, мобилно и електронско банкарство, итн. На постојано располагање е и банкоматот поставен како дел од експозитурата“, велат од банката.

Трендот на модернизирање на експозитурите, како што се наведува, започна минатата година со отворање на новата експозитура во населбата Аеродром, единствена од ваков вид на пазарот, со уникатен  и неконвенционален изглед.

“Инвестициите во продажната мрежа и конкретно во оваа експозитура со модерен, пријатен и удобен амбиент ги рефлектираат квалитетот и посветеноста на банката и нејзините капацитети да одговори на потребите на своите клиенти, така придонесувајќи кон амбицијата да биде банка фокусирана на создавање блиска врска со клиентите на пазарот на којшто опстојува“,

Со деловна мрежа од вкупно 28 експозитури, Охридска банка Сосиете Женерал, како Најдобра банка во Македонија за 2017 година според магазинот Глобал Фајнанс, постојано развива нови бизнис иницијативи, производи и услуги, истовремено зацврстувајќи ја репутацијата и довербата со населението и деловните субјекти од земјава и странство.