Паркинг место продадено за 664.200 долари

49

pexels-photo-101589

Фото: Pexels

Паркинг место што се наоѓа на прв кат на луксузен станбен комплекс во западниот дел на Хонгконг е продадено е за рекордни 664.200 долари. Паркингот има површина од 17 метри квадратни.

Весникот South China Morning Post пишува дека извршниот директор на инвестиционата компанија Huarong Investment Stock Corp. веќе поседува два апартмана и две паркинг места во Upton зградата коишто вредат 10 милиони долари.

Хонгконг важи за еден од најскапите градови кога станува збор за цената на недвижностите кои постојано растат. Малите компании се приморани да ги затвораат своите бизниси поради високите цени на канцелариски простор, а жителите на овој град тешко успеваат да купат пристојни станови.