Kuehne + Nagel Сингапур и Cleantech Solar склучија партнерство за 20 години

45

kn

Фото: Kuehne + Nagel

Новоинсталираниот кровен соларен систем од Cleantech Solar се очекува да генерира 20% од потребите за електрична енергија за логистичкиот центар на Kuehne + Nagel Сингапур.

Лорен Симон, управен директор на Kuehne + Nagel Сингапур и Малезија изјави: “Kuehne + Nagel има јасна цел да го минимизира влијанието врз животната средина и да користи обновливи извори на енергија како интегрален дел од таргетите за одржливост. Соларната енергија е идеално дополнување на овој логистички центар којшто е изграден според највисоки еколошки стандарди. Како давател на услуги, Kuehne + Nagel е солиден партнер во енергетската ефикасност и одржлива логистика и се залага за усогласување со целите на нашите клиенти за зачувување на животната средина.”

Овој 844,8 kWp соларен систем ќе генерира преку 1.000 MWh годишно, што значи дека ќе бидат спасени 11.700 тони на CO2 преку 20 годишното партнерство.

Раџу Шукла, претседател на Cleantech Solar изјави: “Среќни сме што учествуваме во овој исклучителен проект во Сингапур. Не е само привилегија да го имаме Kuehne + Nagel како нов партнер, туку начинот на кој тимот нa Kuehne + Nagel нè убеди дека објектот е “соларно подготвен” ни помогна да го испорачаме она што мислиме дека е една од најбрзите имплементации за соларен проект од оваа големина во Сингапур”.

Логистичкиот центар на Kuehne + Nagel Сингапур е сертифициран со BCA Green Mark Platinum и LEED GOLD сертификати. Објектот од 50.000 м2 е во функција од јануари 2016 година, нуди услуги на складирање и на клиентите од областа на високата технологија, индустријата, фармацијата и здравствена заштита им обезбедува оптимизиран ланец на снабдување.