Сковин го исплати грозјето од бербата 2012

43

400E675476C7B5479DE62632998168A3Винарската визба Сковин вчера целосно ги исплати обврските кон лозарите за 2012 година пред истекот на законскиот рок.

Како што соопштија од Визбата, годинава обработени се рекордни 18,5 милиони килограми грозје од кои се 15,5 милиони килограми грозје се откупени од откупни центри, производители и физички лица. Останатите 3 милиони килограми грозје Визбата ги обезбеди од сопствени лозови насади.

“Сковин останува доследна на својата деловна политика за регулирање на преземените обврски и почитување на временските рокови кон сите свои деловни соработници и кооперанти. Деловна политика на визбата е да ги почитува роковите за да им овозможи на кооперантите да вложуваат во зголемување на производството и неговиот квалитет. Добрите односи со лозарите се наш највисок приоритет. Квалитетот на нашиот производ директно зависи од квалитетот на нивниот. Затоа, не можеме да дозволиме негата на лозјата и насадите да зависи од исплатата на долговите”, изјави извршната директорка Марија Митева на средба со лозарите.

Таа додаде дека и годинава Сковин ги почитуваше препораките во врска со цените на исплата на грозјето, а воедно и роковите на исплата на лозарите, и во однос на тоа предвремено и соодветно на законот за земјоделство и рурален развој го исплати откупеното грозје.