Горивата поевтинуваат од полноќ

34

benzinska-pumpa-pixabay-580x388

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 3,48%. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,00 денари и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 денари и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 46,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,067 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.06.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,139 ден/кг.