Како да го завршите тоа што сте го почнале

146

Ако преземате акција и работите во остварување на вашите цели тоа е голем успех и треба да бидете горди на себе си. “Стартувањето“ е првиот чекор кон остварувањето на целите. Но, ако имате навика да започнете многу работи, а да не ги завршите тогаш треба да се потрудите да ја поправите. Многумина остануваат “заробени“ во размислувањето, а не во преземање на активности, што не носи успехот.

За да го завршите успешно проектот потребно е правилно планирање и дејствување и соочување со низа предизвици. Овие неколку совети ќе ви помогнат да ги завршите задачите коишто сте ги започнале.

Бидете селективни

Кога започнувате некој проект бидете сигурни дека тоа е нешто што навистина сакате да го работите и ви причинува задоволство. Ако не чувствувате страст кон работата не ја започнувајте.

Направете проценка на ресурсите

Испланирајте колку и кои ресурси ви се потребни во проектот. Имајте план којшто ќе ве води во остварување на задачите.

Испланирајте го времето

Треба да имате реална претстава за тоа колку време и напор ќе ви треба за да ја извршите задачата. Направете план за вашето време и ресурси и внесете го во вашата to – do  листа. Дајте си и дополнително време во случај на непредвидливи ситуации.

Посветете се

Откако ќе започнете со извршување на задачите, посветете се на нивно остварување. Држете се до планот.

Следете го вашиот напредок

Следењето на вашиот напредок ви помага да разберете дали сè се одвива според планот. Тоа го олеснува следењето на динамиката. Направете проектен лист во којшто ќе ги евидентирате вашите цели и тековен статус.

Не се форсирајте

Понекогаш се случува да го изгубите интересот за целта. Нормално е да ги изгубите интереси и да добиете нова идеја. Некои луѓе мислат дека откажувањето е загуба и тие се форсираат да ги завршат работите иако не ми оди од рака. Но, ако нешто не можете да реализирате најдобро е да се откажете.

Фото: Pexels