Македонски програмери на видео игри поканети да учествуваат на DevPlay 2017

41

dev-play

Програмерите на видео игри од Македонија се поканети да бидат учесници на првата конференција за програмери на видео игри од Источна Европа – DevPlay 2017. Конференцијата се одржува во Букурешт, Романија на 11-ти и 12-ти септември 2017 година. Домаќин на настанот е Романската асоцијација за развој на игри (RGDA) и на конференцијата ќе говорат седумнаесет интернационални говорници од индустријата за развој на видео игри, два дена ќе се организираат панел дискусии, сесии за претставување, семинари и работилници.

“Првото издание на DevPlay ги потврди нашите очекувања: романската индустрија за програмирање игри имаше потреба од посветена конференција за да ја осигура нејзината позиција како една од најважните креативни индустрии на романскиот пазар и како една од лидерите на локалните индустрии за развој на игри во регионот. Со овогодинешното издание, Романската Асоцијација за Програмирање на Игри (РГДА) планира да додаде импресивно влијание генерирано од минатогодинешната конференција за и понатаму да придонесува за развојот на заедницата на програмерите на игри во земјата, но и во регионот. Како резултат на тоа, нашата цел е да собереме што повеќе ресурси кои ќе помогнат во порамнување на постојаното менување на стандардите во индустријата. Ние сме позитивни дека DevPlay има потенцијал да прерасне во вистински ХАБ за индустријата за развој на игри во Источна Европа“, изјави Каталин Бутнариу, претседател на РГДА.

Борба во пронајдоци. За прв пат, натпреварот  Борба во Пронајдоци, чиј домаќин е Nordic Game, ќе се одржи во Романија на DevPlay 2017 организиран од РГДА. Со 15-годишно искуство во успешно организирани настани во оваа индустрија, Nordic Game креираше предизвик за независни програмери во кои селектираните проекти ќе бидат презентирани пред публика низ повеќе земји.

“Ни претставува огромна чест и сме среќни што овој натпревар е дел од нашиот настан, сите апликации од целиот регион се добредојдени“, велат од РГДА.

Независна Изложба. Заедно со натпреварот на Nordic Game, овогодинешното издание на DevPlay ќе содржи и област на изложбена витрина посветена на независните програмери. Ова би било одлична можност за нив да ги презентираат нивните креации на сите учесници на настанот, исто како и на интернационалните новинари. Процесот за аплицирање е веќе почнат во сите студија во Романија и балканскиот регион и ќе трае до 31-ви август.

Сите што сакаат да учествуваат може да се регистрираат на официјалната интернет страница на следниот линк: https://dev-play.ro/register/. DevPlay во организација на РГДА ќе се одржи на 11-12-ти септември во Букурешт, во Grand Cinema & More – еден од најголемите центри за настани и забави во Романија, со целосна површина со повеќе од 14.000 метри квадратни и капацитет со повеќе од 2.600 седишта. За влезници и новости, https://dev-play.ro/ или фејсбук страница facebook.com/dev.play.conference/.