Фото: Pixabay
Филмскиот режисер Џејмс Камерон најави дека филмот Аватар 2, којшто е во подготовка, ќе содржи најсовремена технологија што на публиката ќе ѝ овозможи да доживеат 3D искуство без употреба на очила, пишува Independet.
“За да се избришат границите на дигиталното кино потребни се визионери и соработници кои исто размислуваат, а тоа за нас беше Christie Digital. Пред неколку години започнавме соработка којашто се покажа како добра и задоволен сум што го обновивме договорот“, вели Камерон.
Неговата продукциска куќа Lightstorm Entertainment го обнови договорот со Christie Digital во насока за унапредување на 3D технологијата за филмски цели, давајќи пристап на RGB ласерски проекционен систем. RGB работи на принцип на одвоени црвени, сини и зелени ласери коишто произведуваат светлост.