Kuehne + Nagel Group: Силен раст со солидни резултати во првата половина од 2017 година

39

kuehne-nagel-foto

Фото: Kuehne + Nagel

Групацијата Kuehne + Nagel оствари пазарен удел во сите деловни единици и го зголеми растот во текот на вториот квартал од оваа година, стои во соопштението.

Нето приходите се зголемија за 8,2% на 8,815 милиони швајцарски франци во споредба со истиот период од претходната година. Исто така, бруто профитот забележа пораст од 3,7% на 3,377 милиони швајцарски франци. Оперативниот резултат на EBITDA (заработка пред камата, данок, депрецијација и амортизација) порасна за 1,3% и достигна 554 милиони швајцарски франци.

Детлеф Трефзегер, главен извршен директор на Kuehne + Nagel International AG изјави: “Резултатот остварен во првата половина од 2017 година е јасен доказ за нашата бизнис стратегија којашто е насочена кон раст, како и ефикасно управување со трошоците, што ни овозможи да се спротивставиме на притисокот од поморскиот и авио транспортот. Одличните резултати на договорената логистика главно се должи на успешното спроведување на нашите пазарни стратегии. Во текот на втората половина од годината наш фокус ќе биде зголемување на растот, продуктивноста и развој на специфични решенија во индустријата“.

Поморски транспорт

Со зголемување од 7,7% кај поморскиот транспорт, Kuehne + Nagel забележа поголем раст од пазарот и во првата половина од 2017 година управуваше со над 151.000 контејнери за транспорт. Компанијата оствари пазарен удел во увозот и извозот во трговијата на САД. Во Латинска Америка транспортот достигна двоцифрена стапка на раст. Во исто време, Kuehne + Nagel ја зголеми продуктивноста и ефикасноста на трошоците. Профитните маргини останаа под притисок и под нивото од претходната година, меѓу другото, и поради силната конкуренција. Сепак, забележано е мало зголемување во однос на првиот квартал. Добивката пред оданочување (EBIT) забележа зголемување во однос на првиот квартал. Таа беше на ниво од 28,8% и изнесува 198 милиони швајцарски франци.

Авионски транспорт

Во овој сегмент е забележан раст во второто тримесечје. Со над 18% пораст во тонажата во првата половина од 2017 година, Kuehne + Nagel двојно го зголеми уделот на пазарот. Силната побарувачка за специфични решенија во овој транспорт придонесоа за позитивен развој. Силната контрола на трошоците и продуктивноста се зголемија благодарение на автоматизација на процесите. Во овој дел, добивката пред оданочување порасна за 2,7% и се позиционираше на 151 милион швајцарски франци.

Патен транспорт

Во овој сегмент е забележан силен раст на заработката. Во текот на првите шест месеци од оваа година, нето приходите пораснаа за 3,3%, додека бруто добивката се зголеми за 3,5% во споредба со претходната година. За овој раст најзаслужни се пратките од Европа и САД. Добивката пред оданочување во првото полугодие од 2016 година беше 17 милиони швајцарски франци, додека истиот период оваа година беше на ниво од 29 милиони швајцарски франци.

Логистички договори

Фокусот на клиентите, компетентните решенија и иновативните производи придонесоа за значително зголемување на овој сегмент и проширување на понудата на услуги за постојните клиенти низ целиот свет. Во споредба со претходната година, во оперативното работење се вклучија дополните 540.000 метри квадратни простор за складирање и логистика. Бруто добивката се зголеми за 6,6%, додека добивката пред оданочување достигна 5,7% раст.

Јерг Воле, претседател на одборот на директори на Kuehne + Nagel International AG изјави: “Полугодишните резултати од 2017 година ја одразуваат континуираната сила на нашата група и нè прави уште посигурни во понатамошен развој иако поморскиот и авионскиот транспорт може да се соочат со одредени потешкотии. Kuehne + Nagel и понатаму ќе биде посветена на својата докажана стратегија и ќе продолжи да инвестиран во растечки пазари и индустриски сегменти. Со аквизиции идеално може да го надополниме нашиот органски раст и да ја зајакнеме нашата позиција на пазарот“.