Во Кина почнаа да сообраќаат “небесни” возови

45

untitled

Фото: YouTube

Кинеските инженери започнаа со тестирање на “небесни возови“ на  железничката пруга изградена во градот Чингдао. Инженерите велат дека ваквиот транспорт на патници е три пати подобар од регуларните возови и метроа. Возовите се направени од страна на CRRC Qingdao Sifang, а се движат со брзина од 70 километри на час, на висина од пет метри над земјата. Небесниот воз може да превезе до 510 патници во три до пет вагони.

Овие возови обезбедуваат поевтин и еколошки транспорт, а изградбата на железничката линија не одзема многу време за разлика од традиционалните возови, пишува Shanghaiist. Ваквиот вид на транспорт е идеален за големите градови и планинските региони.