Еуросупер БС-98 и дизелот остануваат со иста цена

44

gorivo-toci-pixabay-580x386

Фото: Pixabay

Малопродажните цени на Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат од полноќ, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 10.07.2017 година, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС- 98 изнесува 62,50 денари за литар, на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.07.2017 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,506 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.07.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,681 ден/кг.