Фото: Boeing
На авиокомпаниите ќе им требаат 637.000 нови пилоти до 2036 година, за да можат да држат чекор со растот на воздушниот сообраќај во светот, објави американскиот произведувач на авиони Boeing.
Boeing предвидува дека меѓу 2017 и 2036 година, во авиоиндустријата ќе се бараат 1,2 милиони луѓе, и тоа 637.000 нови пилоти, 648.000 нови техничари за одржување, 839.000 нови членови на екипаж.
Најмногу пилоти ќе им требаат на авиокомпаниите од Азија – Пацифик регионот, 253.000, потоа од Северна Америка, 117.000, па Европа, 106.000, стои во извештајот на Boeing Global Services.