Нестле инвестира 16 милиони долари за производство на кафе во Кина

38

neskafe kinaШвајцарската компанија Нестле најави дека ќе инвестира 16 милиони долари во центри за производство на кафе во Кина. Нестле најави дека ќе гради институт, магацини и лабораторија во југозападна Кина, во провинцијата Јунан. Во институтот, кој ќе биде најголем од ваков вид во Кина, ќе се обучуваат по 5.000 фармери, агрономи и професионалци во сегментот на производство на кафе секоја година.

“Напитоците на Неслте, како капучиното, станаа голем хит меѓу потрошувачите во Кина и компанијата планира во следните години повеќе да се фокусира на нив, вклучувајќи повеќе различни вкусови на лате. Ќе се шириме овде за да се вклопиме во пазарот кој брзо расте”, рече Хеико Шипер, директор на дивизијата на Нестле за кинескиот пазар.

Од компанијата изјавија дека ова е дел од стратегијата за популаризација и зголемување на побарувачката на кафе во најмногубројната земја на светот.