ТТК Банка ги информира своите корисници дека шалтерот на ТТК Банка АД Скопје, Штип ПСС Штип на ул. Гоце Делчев бр. 58 нема да работи во периодот од 1 август 2017 година до 31 август 2017 година поради технички причини.
Од 1 септември 2017 година (петок) шалтерот ќе продолжи со работа во редовното работно време од понеделник до петок од 8.00 часот до 16.00 часот.
На располагање на корисниците во Штип ќе им биде филијалата во непосредна близина, на ул. Ванчо Прќе бр. 27, која работи во редовното работно време од понеделник до петок од 8.00 часот до 16.00 часот и сабота од 9.00 часот до 13.00 часот, стои во соопштението објавено на страната на Банката.